Каде Мелинда Гејтс ќе го инвестира своето богатство?

41

Бил и Мелинда Гејтс беа една од најбогатите двојки во светот. По разводот и понатаму ќе бидат едни од најбогатите луѓе во светот. Во текот на годините, Мелинда Гејтс беше активна како филантроп и преку нивната организација одвојуваа големи износи за помош и поддршка. Сега се поставува прашањето во која насока ќе продолжи да го распоредува стекнатото богатство.

“Не се сомневам во нејзината способност да изврши влијание. Таа можеби е најважната фигура којашто мора да ја чуваме. Во филантропијата, нејзиното влијание е неспорно и многу моќно“, вели Алексис де Рад, основач на компанијата Meriann Ventures за CNN.

Претходно, Мелинда се фокусирала на неколку клучни подрачја, како што е поддршка на женските права, ментално здравје, поддршка за достапност на вакцините и слично.

Мелинда заедно со поранешната сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, започнаа заедничко партнерство минатата година, а е поврзано со еднаквоста меѓу луѓето. Доделуваат 30 милиони долари на организации со најдобри идеи за да го зголемат влијанието на жените во САД до 2030 година.

Мелинда, исто така, води неколку иницијативи за поддршка на металното здравје насочено кон помладата генерација.

Досега фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс одвоила повеќе од 1,75 милијарди долари за поддршка на глобалните проблеми предизвикани од пандемијата.

Фото: Twitter