Каде најмногу се отвораат, а каде се затвораат фирми во Македонија?

88

Вкупниот број на новосоздадени компании во земјава, во текот на 2017 година е 6.321, додека прелиминарните згаснати претпријатија истата година е 5.796, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според региони во земјава, најголемо учество во новосоздадени компании има скопскиот регион со 35,3%, а најмало североисточниот регион со 6,1%. Веднаш за скопскиот регион (2.232) следуваат: полошкиот регион (879 нови фирми), пелагонискиот (797) и југозападниот регион (672). Најмалку новоформирани компании има во североисточниот регион со 386 нови фирми.

Во однос на згаснати компании, најголемо учество повторно има скопскиот регион со 34,8% во 2015 година, 36,5% во 2017 година, а најмало учество повторно североисточниот регион со 6,3% во 2015-та и 6,2% во 2017 година.

Во скопскиот регион, во 2017-та година, се згаснати 2.114 фирми, а потоа следуваат овие региони: полошки (705), пелагониски (703) и југозападен регион (472). Најмалку згаснати има во североисточниот регион со 360 згаснати компании.

Фото: Pixabay