Неодамна пишувавме за најголемите производители на чоколадо во светски рамки, но тоа нема да биде комплетно ако не споменеме во кои земји се произведува основната состојка за негово производство – какаото.
Најголем производител на какао во светот е Брегот на слоновата коска, со годишно производство околу 1,5 милиони тони, што е 30% од светското производство. Некои од најпознатите брендови како што Cadbury и Nestle, купуваат какао од оваа земја за нивните чоколади.
Следна е Гана со годишно производство на околу 830.000 тони какао, додека трета е Индонезија со над 777.000 тони. Во десетте најголеми производители на какао се и: Нигерија, Камерон, Бразил, Еквадор. Мексико, Перу и Доминикана.
Фото: Pixabay