Каде се наоѓа земјава според Индексот на просперитет во светот?

44

Од вкупно 176 земји во светот, Македонија е на 54-та позиција според Индексот за просперитет на Институтот Legatum од Лондон.

Првите пет земји што се лидер, според овој индекс се: Данска, Норвешка, Швајцарија, Шведска и Финска.

Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Словенија (27-ма). Потоа следуваат: Грција (42-ра), Хрватска (три места подолу), Бугарија (49-то место), Црна Гора (едно место подолу) и Србија (52-ра во светот). Зад нас се: Албанија (65-та позиција) и Босна и Херцеговина (70-та).

На дното на листата се најдоа: Јужен Судан (167), Јемен (166), Јужноафриканска Република (165), Чад (164) и Авганистан (163).

Во оценка на земјите се земени 12 постулати: безбедност, лични слободи, управување, социјален капитал, услови за инвестирање, состојба на компаниите, пристап до пазарот и инфраструктура, услови за живеење, здравје, образование и природна средина.

Фото: Pixabay