Каде во светот луѓето се физички најактивни?

66

Физичката активност е многу важна за целокупното здравје на луѓето, но не сите подеднакво внимаваат на тоа.

Во една анализа спроведена од Cathe каде што биле вклучени повеќе фактори, како видот на транспорт во земјата, се покажало дека во светски рамки 30% од луѓето не се физички активни.

Но, бројките варираат од земја во земја. Така, најмрзливи се жителите на Малта, каде 72% од возрасното население се класифицираат како неактивни.

Други земји каде што физичката активност на населението е мала се Свазиленд, Саудиска Арабија, Аргентина и Србија. Во овие земји процентот на неактивност изнесува од 68% до 69%. Тука некаде е и Велика Британија во кругот на мрзеливи нации, со процент на неактивно население од 64%.

Едни од физички најактивните земји во ЕУ, според анализата, се Франција и Грција. Само 33% однодно 16% од нивните жители се физички неактивни. Благодарение на тоа и медитеранската исхрана во овие земји и животниот век е подолг.

Исто така, голема физичка активност има и во земјите од Југоисточна Азија, каде само 17% од луѓето се вбројуваат во неактивно население.

Јапонија е исклучок од оваа статистика каде што дури 60% од жителите не практикуваат физичка активност.

Земји со висок процент на физичка активност се Монголија и Бенин, каде само 9% од населението е физички неактивно. На врвот, како земја каде луѓето се физички најактивни се најде Мозамбик. Тука само минимални 7% спаѓаат во групата на луѓе што не се вклучени во никаква физичка активност.

Фото: Pixabay