Кадилак на Тито се изнајмува за 1.350 евра за еден час

76

Официјалната летна резиденција на поранешниот југословенски претседател, Јосип Броз Тито, била на Бриони. Една од атракциите на Бриони бил темно зелениот кадилак, којшто Тито го добил на подарок од југословенските иселеници од Канада во 1953 година.

Кабриолетот е долг 560 сантиметри, широк 200 сантиметри, има мотор од 5.000 кубни сантиметри, сила од 260 коњи и осум цилиндри, а се наоѓа во одлична состојба, пренесува РТС.

Тито во кадилакот до 1979 година, низ Бриони возел бројни државници како што се египетскиот претседател, Абдел Насер, индиската премиерка, Индира Ганди, но и ѕвезди како што се Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Во Националниот парк Бриони, кадилакот на Тито може да се изнајмува за возење низ островот и тоа по цена од 1.350 евра за час.

Последната позната личност од светскиот џет сет којашто го изнајмила автомобилот е американската актерка Селма Хаек, која снимала филм во Хрватска пред две години.

Фото: Pexels