Кафеани во Виена нудат бесплатен простор за учење

34

Поради мерките за спречување на пандемијата во австриската престолнина во овој момент се затворени кафеаните. Неколку од нив сепак се отворени, но не за гости кои ќе пијат кафе или ќе ручаат, туку за учење.

Во соработка со виенската градска управа, неколку кафеани покренале иницијатива во рамки на која својот простор бесплатно го ставаат на располагање на студенти и ученици кои во својот дом немаат соодветни услови за непречено учење или следење на онлајн настава. Својот термин за учење можат да го резервираат преку интернет, а во зависност од големината на кафеаната, се одредува максималниот број на ученици и студенти кои смеат да бидат присутни. Помладите од 15 години мора да имаат придружба.

Во кафеаните, како што пренесува Seebiz, е забрането послужување храна и пијалаци, но учениците можат да си понесат нешто од дома.

Иницијативата се очекува да трае до Божик, но ако има интерес може да се продолжи.

Фото: Freepik