Кајли Џенер донира милион долари за борба против коронавирусот

62

Милијардерката Кајли Џенер донира еден милион долари за поддршка на болниците во САД што се борат против коронавирусот, пренесува Forbes.

Од болница од Лос Анџелес ѝ се заблагодарија за донацијата од еден милион долари на Џенер, наведувајќи дека тие пари ќе бидат искористени за набавка на илјадници маски и друга неопходна опрема за справување со пандемијата.

Веста за донацијата на Џенер доаѓа откако таа на својот Instagram профил ги поддржа нејзините фанови да се самоизолираат по апелите од здравствените власти.

Младата милијардерка се приклучува на “Клубот“ на познати личности, како што се тенискиот играч Роџер Федере и актерот Арнолд Шварценегер, кои одвојуваат суми со седум цифри за поддршка на борбата против коронавирусот. И познатата пејачка од Барбадос, Ријана, донираше пет милиони долари за банка за храна и опрема за обезбедување прв помош.

Според Forbes, богатството на девојката од познатото семејство Кардашијан, се проценува на една милијарда долари.

Фото: Facebook