KakeMi – торта што се подготвува за 90 секунди

20

kakemi

Фото: Kickstarter

KakeMi е иновативен десерт што за само 90 секунди е готов во микробранова печка. Сè што треба да направи корисникот е да додаде вода и да го стави десертот во микробранова печка.

KakeMi е торта што на голем број домаќинки ќе им ја олесни подготовката на вкусен десерт на брз, лесен и едноставен начин.

Тортата ја има со три вкуса: ванила, чоколадо и лимон, а доколку успее кампањата на Kickstarter корисниците ќе може да го пробаат и новиот вкус – црвен сомот.

KakeMi е поставена на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде треба да собере 10.000 долари поддршка.