Пред да се затвори вратата на авионот, а вие удобно се сместите и подготвите за лет, можно е веќе да имате список на филмови што сакате да ги гледате. Додека некои авиокомпании го оставаат изборот на филмови на надворешни фирми, одредени авиокомпании договараат да најдат внатрешни работници, кои потоа разговараат за тоа кои филмови ќе бидат достапни на летот, пишува Pun kufer.
На пример, Singapore Airlines има 70 филмски експерти од различни оддели и земји. Потпретседател на комисијата за иновации во производство, Нг Јунг Хан вели дека тимот за избор на филмови се состанува еднаш месечно во Сингапур, додека членовите од другите земји ги испраќаат своите мислења преку електронска пошта.
“Мислењата на членовите ни помагаат да избереме филмови и со тоа да видиме што е најпопуларно во нивните земји“, објаснува Хан.
При изборот на филмови, најважните предмети се секако популарноста, филмските награди и усогласеноста со културните норми. Секако, важна е и брзината, така што Singapore Airlines се фали дека филмовите можат да се гледаат три месеци по нивната премиера во Холивуд.
Кој ги постави екраните на седиштата?
Првата компанија што постави екрани на седиштата на авионите беше Emirates, во 1992 година. Релативно мал тим од осум члена работи на селекција на филмови. Додека некои компании базата ја прават според областа каде авионот лета, за патниците на Emirates се секогаш достапни околу 700 наслови, без оглед за тоа кои се патниците.
Фото: Pexels