Како батеријата од вашиот мобилен телефон да трае подолго

24

Корисни совети за подолго траење на батеријата од вашиот смартфон.

smartphone-2568602_960_720

Фото: Pixabay

Затемнете го екранот

Повеќето паметни телефони имаат опција auto – brightness, односно автоматско осветлување или прилагодување на екранот во согласност со амбиенталното светло. Активирајте ја.

Прилагодете го вашиот screen saver

Побарајте опција screen timeout на Android оперативен систем, а доколку имате iPhone auto – lock и одберете ја опцијата екранот веднаш да се гаси кога не го користите телефонот.

Исклучете го интернетот (wi-fi)

За да не ја трошите залудно батеријата кога сте во движење или често менувате локации изгаснете го интернетот, од причина што телефонот постојано ќе се обидува да се приклучи на мрежа доколку има.

Не вклучувајте вибрации

Вибрациите ги движи ротирачки механизам што многу одзема енергија, затоа користете ја опцијата само кога навистина ви е потребна.

Исклучете Bluetooth и GPS

И овие функции како и вибрациите користете ги само кога ќе затреба. Bluetooth, исто така, постојано бара уреди за да се поврзе и без потреба ја троши батеријата, а GPS е потребно само кога барате одредена локација.

Без “живи” позадини

Ако вашиот смартфон има опција да прикажува анимирани позадини отстранете ја таа функција. Доколку е возможно користете обична темна слика за позадината и со тоа ќе заштедите на енергија.

Не чекајте до крај

Идеално за долготрајноста на батеријата е да ја одржувате полна помеѓу 80% и 20%. Не чекајте да биде празна и не ја полнете до 100%.