Како да бидете ефективен и одговорен продажен менаџер?

30

Фото: Pexels

Се занимавате со продажба или пак сте одговорни на тим за продажба? Во тој случај од голема корист ќе ви биде програмата за менаџирање со продажни тимови (CEED Management of sales teams на Центарот за развој на претприемачи и менаџери – Center for Entrepreneurship and Executive Development – CEED) ЦЕЕД Македонија.

Станува збор за програма што е насочена кон зголемување на ефективноста и одговорноста на продажните менаџери, чија улога е да ја креираат, спроведуваат и контролираат продажната стратегија, како и да работат одблизу и да ги познаваат силните и слабите страни на секој еден член на продажниот тим. Креирана е во соработка со консултанти/експерти кои успешно водат продажни тимови.

Што вклучува оваа програма?

Програмата е составена од шест пет-часовни сесии, кои се основаат на предавања од страна на консултанти/експерти, како и размена на искуства низ отворени дискусии помеѓу учесниците во групата.

Што е целта на програмата?

Целта на програмата е да им помогне на продажните менаџери во неколку насоки:

  • Да умеат да комуницираат со тимот за нивните улоги кон постигнување на целите;
  • Да делегираат задачи на соодветните луѓе кои најмногу одговараат на барањата на секоја одредена улога на бизнисот;
  • Да преземат лидерска улога, да го инспирираат и охрабруваат тимот кон постигнување на резултати;
  • Да го одржат фокусиран тимот кон продавање на придобивките на производите и услугите;
  • Да го подготват тимот за различните потреби и очекувања на купувачот;
  • Да ги следат перформансите на поединците во продажниот тим и самиот продажен тим;
  • Да развијат стратегија која ќе ја подобри способноста да се зголеми продажбата.

Како да се пријавите?

Доколку сте заинтересирани, слободно може да аплицирате на следниот линк.

Кои се предавачи на програмата?

Предавачи на оваа програма се Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert), кој има повеќегодишно искуство на различни позиции од комерцијалист до директор; Јован Маџовски (регионален менаџер на ЦЕЕД за Македонија, Албанија, Србија, Молдавија и Босна и Херцеговина; Илијанчо Гаговски, долгогодишен лидер на операциите на Мајкрософт во Македонија и Дејан Ваневски, менаџер за продажба на Wrigley за Македонија, Албанија и Косово.

Од 2014 година, досега, програмата за менаџирање со продажни тимови е спроведена на пет групи или на 98 учесници во рамки на редовната програма на ЦЕЕД Македонија.