Како да бидете продуктивни во првиот час на работа

32

Фото: Pexels

Иако можеби ова ви звучи невозможно и нелогично навистина е важно како го започнувате денот, бидејки таа енергија подоцна се пренесува на целиот работен ден. Од таа причина, многу е важно што правите првиот час на работа.

Појадувајте дома

Ништо продуктивно нема да ви се случи додека јадете печиво и пиете јогурт над вашиот компјутер, а со другата рака ги проверувате мејловите. Затоа, разбудете се порано и појадувајте во вашиот дом.

Направете список

Секое утро кога ќе стигнете на работа, направете список на задачите што треба тој ден да ги завршите. Така ќе се чувствувате подобро и полетно секогаш кога ќе прецртате завршена работна обврска.

Чести паузи

Правете кратки, но почести пазуи, бидејки многу студии покажале дека луѓето кои имаат почести паузи, многу попосветено ја работат својата работа. Најдете време да прошете или излезете барем н неколку минути.

Започнете го денот со најкомплицираната задача

Наместо најкомплицираната работна задача да ја оставите за крајот на денот, кога не сте доволно концентрирани, завршете ја на почетокот на денот. Така, ќе се чувствувате поопуштено знаејки дека задачата е завршена.

Изгаснете ги нотификациите

Додека работите, изгасете го WiFi-то и нотификациите од социјалните мрежи за да не ви го одземаат вниманието.

Музика

Слушалките и релаксирачката музика ќе ви ја зголемат концентрацијата и нема да дозволат вниманието да ви го одземаат колегите и бучавата околу вас.

Оставете го кафето за подоцна

Немојте веднаш по доаѓањето на работа да го пиете кафето, туку оставете ја потребната кофеинска доза за малку подоцна во денот.