Како да ги завршите задачите во зададениот рок

21

Фото: Pexels

Кога сме обврзани со рок за некој проект или задача, често се случува да сме под стрес и да си создаваме непотребна паника.

Прочитајте во продолжение што треба да направите доколку се најдете во ваква ситуација.

Почнете сега

Не утре, не наредната недела. Не мора да ја завршите задачата веднаш, но започнете ја. Ова ќе ви помогнете да го надминете стресот. Исто така ќе ви помогне да сфатите што ви недостасува. Навистина е непрофесионално еден ден пред крајниот рок да сфатите дека нешто ви недостасува, затоа започнете навреме и побарајте ги податоците што ви недостасуваат.

Зададете си рок

Секогаш си поставуваме кратки рокови, затоа што сакаме другите да бидат импресионирани од нас. Затоа, планирањето е навистина важно. Поставете си сопствен рок, што ќе биде барем 2-3 дена пред вистинскиот рок. На овој начин доколку некоја задача ви одземе повеќе време од предвиденото, секогаш ќе имате време плус за да завршите онака како што треба.

Не си додавајте обврски

Кога треба да завршите некој проект во дадено време, а крајниот рок ви излгеда многу далеку, многу е лесно да западнете во “замката” и да завршувате непотребни задачи. Затоа, наместо да си додавате обврски, одземете ги оние коишто може да чекаат. Можеби ќе се почувствувате помалку продуктивно, но вака се поголеми шансите да ја завршите работата.

Поставете си приоритети

Ако вашите колеги ве чекаат да им завршите одредена задача и да им ја предадете, ставете си го ова како приоритет и завршете го прво. Исто така, во проектот на којшто работите прво завршете ги најважните делови, па потоа фокусирајте се на деталите.

Направете се` што е потребно

Кога сте во трка со времето, мора да направите се` што е потребно. Доколку најдобро функционирате навечер, посветете ја цела вечер на работење на вашиот проект. Доколку имате приватни обврски, одложете ги за по завршувањето на проектот, ако е возможно. Едноставно, направете се` што е потребно за да не го “пробиете“ зададениот рок.