Како да направите бренд со креативно и препознатливо име

229

Фото: Pexels

Ако некогаш сте бирале име за производ или услуга, сигурно знаете каква главоболка може да ви донесе, бидејки најдобрите имиња се зафатени уште пред 10 години. Не може да користите име што некој друг веќе го користи, морате да истражите како да го заштитите, а вашата креативност мора да ја покажете во најдобро светло.

Затоа е важно да ги следите овие чекори за да дојдете до најдоброто решение.

Изберете симболично и звучно име

Името на вашата компанија треба да предизвика емоции кај луѓето, затоа што на тој начин ќе им остане во меморијата. Кога бирате име за вашиот производ или услуга, размислувајте за зборови што секојдневно се користат, а на никој претходно не му паднале на памет да ги искористи како име за бренд. Ставете на хартија се` што ќе ви падне на памет, зошто лесно може да заборавите на што сте се сетиле пред 5 минути, посебно кога се работи за имиња.

Играјте си со зборовите

Ако не можете да пронајдете збор што ќе го објасни вашиот бренд, измислете го. Има многу непознати или малку користени зборови и изрази кои може да ги истражите.Еден од најдобрите примери за ова е Google, збор кој е “измислен” со различно спелување на зборот googol што се користи да се изрази бројот еден пратен со стотици нули.

Многу маркетинг менаџери кога го бараат идеалното име за својата компанија ги истражуваат жаргоните и фразите што најмногу се користат, па дури и анкетираат целна група во потрага за идеалното име.

Најважно е да бидете оригинални, бидејки во спротивно никој нема да го забележи она што се крие зад вашето име.