Како да не дозволите дигитално “труење“?

31

Компјутери, телевизори, мобилни телефони таблети… безброј паметни уреди што ни го олеснуваат секојдневието. Без нив скоро и да не можеме да си го замислиме животот, независно дали ги користиме за работа, заработка, хоби, уживање… Особено во овој период, кога поради коронавирусот, остануваме да работиме од дома и скоро целиот ден сме во затворен простор.

Иако технологијата има бројни придобивки за модерниот начин на живот, за што треба да бидеме свесни, сепак треба да бидеме внимателни за да не дозволиме таа да почне да остава негативни последици врз социјалниот живот и здравјето.

Затоа, важно е да го организирате времето што ќе го поминете пред поголем или помал екран. Доколку работата ви е поврзана со компјутер, тогаш не мора при рака да ви биде мобилниот телефон, бидејќи голем број од апликациите што ги има во телефоните, имаат и десктоп верзија.

Кога се одморате и се наоѓате во кругот на блиските, тогаш исклучете го компјутерот и телефонот. Разговарајте на теми што ви се заеднички, па доволно е само телевизорот да ви биде вклучен.

Пред спиење избегнувајте да го носите телефонот со вас (само да проверите мејл или да прочитате што има ново на вести или по социјалните мрежи), бидејќи така може да влијаете на квалитетот на сонот. Ова особено важи за луѓе кои се борат со несоница и кои тешко заспиваат. Наместо телефон, опуштете се топла бања, пријатна музика, добра книга, бидејќи веќе утре ве чека доза дигитално “освежување“.

Фото: Pexels