Како да одговорите на интервју прашањето – Зошто добивте отказ?

109

Добивањето на отказ од работно место сигурно не би сакале да се споменува во вашето следно интервју за работа. Сепак, работодавачот ќе сака да ја знае причината зошто се случило тоа. Фактот не можете да го сокриете, но има неколку работи што можете да ги направите за ситуацијата да биде што “побезболна“.

Прифаќање

Треба да го имате прифатено тоа што се случило. Да знаете точно што била причината. На тој начин подобро ќе објасните за време на интервјуто. Отказот не ја дефинира вашата кариера, само ја пренасочува.

Подготвеност

Вие секако нема да го споменете, но бидете подготвени на моментот кога ќе бидете запрашани – Зошто? Така нема да изгледате изненадено. Одржувајте контакт со очите и во ниеден момент не покажувајте лутина или несигурност.

Позитивен став

Обидете се да не ги споменувате зборовите “отказ“, “ме отпуштија“ и слично. Употребете поинакви фрази како “ни се разидоа патиштата“ Не го обвинувајте тој што ве отпуштил и останете позитивни дека и покрај тоа вие сте добиле и друга шанса, прилика за да се докажете.

Искреност

Бидете искрени и кратки. Кажете дека научивте нешто од тоа искуство и повторно вратете се на темата дека сте вистинскиот човек за работата и дека ги имате потребните квалификации.
Фото: Pixabay