Како да одговорите на прашањето: Зошто дадовте отказ на претходното работно место

736

Дадовте отказ и барате нова работа. Треба да бидете свесни дека на следното интервју за работа ќе ви биде поставено прашањето зошто ја напуштите претходната работа. Затоа, паметно е однапред да смислите одговор на тоа прашање и имајте на ум како работодавачот ќе ги толкува вашите одговори.

Постојат многу потенцијални причини за откажување: можеби ви било досадно на работа, можеби не сте се согласувале со вашиот шеф, можеби ви недостасувал предизвик, но сметајте дека интервјуто за работа можеби не е совршено место за разговор за тоа колку и зошто го мразевте својот поранешен шеф.

Еве три совети кои ќе ви помогнат:

Одговорете позитивно

На интервју за работа, комуникацијата секогаш треба да биде позитивно интонирана. На пример, можете да објасните дека сте навистина благодарни на вашиот поранешен работодавец за можноста и колку научивте во претходната работа. Ќе звучите професионално и ќе му биде јасно на работодавачот дека ги почитувате вашите претпоставени. Никогаш не ја озборувајте вашата поранешна компанија или колеги.

Не влегувајте во детали

Не влегувајте во детали за тоа зошто сте дале отказ. Не велете: Ми недостасуваше  предизвик, туку преформулирајте го во: Барам нови предизвици, а работата во вашата компанија ми го нуди токму тоа.

Фокусирајте се на иднината

Наместо да гледате назад на минатите неуспеси, разговарајте за тоа што очекувате во иднина. Поврзете ги тековните вештини и знаења со вашите планови за иднината и оставете впечаток на личност која е полна со потенцијал и простор за напредок.

Фото: Pixabay