Како да препознаете природна козметика?

281

kozmetika

Фото: Pixabay

Доколку сакате да користите природна козметика, најпрво треба истата да ја препознавате во продавниците. Многу производи за нега на кои може да се прочита зборот природно, навистина содржат екстракт од некои билки, но и парабени и алкохол што никако не спаѓа во таа категорија.

Како да ги препознаете?

Кога купувате производи за нега на кожата треба да внимавате во себе да не содржат натриум, сулфати, лаурил и парабени. Во спротивно производите не се 100% природни.

Кога одбирате производи за хигиена на кожата, одберете природни сапуни наместо гелови за туширање. Природните сапуни кои содржат шеа путер, какао и додатоци од камилица, лаванда, етерични цитрусни масла, кора од портокал се вистинскиот избор.

Едноставно кажано, доколку производот не може да се јаде, не е природен. Производите кои се составени од бадемово, маслиново масло, масло од дива роза, масло од какао, гроздова маст, шеа путер може да се јадат и спаѓаат во категоријата на природни производи.

Ако ви е важно производите да не се тестирани на животни, барајте такви на кои пишува vegan. Тие кои ја имаат оваа ознака не содржат супстанци од животинско потекло и не се тестирани на животни.

Во домашни услови

Дома природната козметика можете да ја направите и сами. Кремата за нега на кожа заменете ја со растителни масла. Бадемовото, маслиновото, кокосовото и маслото од дива роза можат во целост да ги заменат сите лосиони за нега на кожа.

За усните најдобра е гроздовата маст или шеа путерот. Тие се идеални за нега на овој дел од телото и се 100% природни.

Неколку капки етерично масло од лаванда може да го замени парфемот. Лавандата има неодолив мирис и воопшто не е скапа. Сокот од краставица е најдобриот природен тоник за чистење на лицето, додека исечените кругови од зеленчукот магично ги бришат подочниците.

На црната листа

Немојте да користите козметика која во својот состав има пропил-парабен, метил-парабен, бутил-парабен, формалдехид, натриум-лаурил-сулфат, феноксиетанол, метоксицинамат.

Сите наведени состојки се користат за конзервирање на козметичките производи и можат да бидат штетни по здравјето. Доколку не можете убаво да ги изговорите состојките во составот, значи дека не се природни.

За разлика од нив, растителните производи во себе содржат етерични масла, растителни масла и екстракти од билки, кои лесно ќе ги препознаете.