Како да престанете да се грижите за работи над кои немате контрола

150

Луѓето постојано се грижат за тоа што лошо може да се случи или поради направените грешки. Некои  одбиваат да прифатат дека не може да имаат контрола врз многу работи кои се случуваат во животот. Загриженоста може да ве доведе до депресија и анксиозност, но добра вест е тоа што ова однесување може лесно да го промените.

Ако сакате да се ослободите од загриженоста, најважно е да сфатите дека од неа нема никаква корист. Ќе бидете многу поефикасни кога ќе ги насочите времето и енергијата кон работите кои може да ги контролирате. Најсилното оружје против грижата е прифаќањето на непредвидливоста и несигурноста.
Луѓето кои сакаат да имаат контрола сакаат да знаат што точно ќе се случи, бидејќи  преку грижењето сметаат дека ќе ги спречат непријатните изненадувања. Но, ваквото размислување е погрешно, бидејќи размислувањето за што сè може да тргне наопаку има негативно влијание врз вашиот живот.

Ако трошите многу време грижејќи се за работите што не може да ги контролирате, овие неколку совети ќе ви помогнат да излезете од таа состојба:

Утврдете што можете да контролирате

Кога ќе се загрижите за нешто, запрашајте се над кои работи имате контрола. Може да ги контролирате вашиот напор и став. Не можете да ја спречите бурата што доаѓа, но може да се подготвите за неа. Не можете да го контролирате однесувањето на другите, но може да ја контролирате вашата реакција. Кога вашата енергија ќе ја насочите кон работи кои може да ги контролирате, ќе бидете поефикасни.

Фокусирајте се на вашето влијание

Можете да влијаете на луѓето, но не може да ги присилите. За да имате поголемо влијание, фокусирајте се на промена на вашето однесување. Кога сте загрижени за изборот на некој друг, споделете го вашете мислење, но кажете го тоа само еднаш. Не се трудете да ги “поправите“ луѓето кои не сакаат да бидат поправени.

Фокусирајте се кон решавање проблеми

Не го трошете времето само во размислување за лошите сценарија, туку фокусирајте се кон решавање на проблемот. Запрашајте се дали вашето размислување е продуктивно, односно дали барате начини да го решите проблемот или најдете решение.

Фото: Pexels