Како да прифатите критика и да го извлечете најдобро од нејзе?

199

Непобитен е фактот дека многу повеќе сакаме да добиеме комплимент отколку критика. Тоа е точно, но не секогаш сме ја завршиле задачата онака како што се очекувало или и затоа мора “машки“ да поднесеме ако некој ни забележи за тоа.

Не дозволувајте егото да ве “згази“

Нормално е секој од нас да се води од сопственото его и да не дозволи да му биде повредено, но никогаш не смеете да дозволите да бидете “преполни“ со себе и да ги отфрлате туѓите мислења. Секоја добронамерна критика има за цел да ве поттикне да ги правите работите подобро, да размислувате за деталите, да ја погледнете целата слика… Само така ќе успеете да се подобрите.

“Тапкање“ по рамо не ве води кон успехот

Ако колегите секогаш климаат со глава додека вие зборувате, секогаш како одговор добивате “да“ или “во ред“ или “како ќе кажете“, тогаш не ве обзема “славата“, туку сериозно размислете што се случува. Можеби луѓето се плашат да ви се спротивстават или не сакаат да го слушнете она што треба, туку она што сакате. Така, немојте да очекувате дека станете подобри, поискусни и помудри. Барајте од колегите да бидат отворени кон вас, а и вие возвратете со иста мера.

И од грешките може да се научи

Секоја критика што доаѓа со добра намера има за цел да ве научи да не ја правите истата грешка, драгоцените ресурси да не ги трошите на работи што не вредат. Затоа, бидете подготвени да прифатите кога некој забележува за сработеното, секако ако тоа е поврзано со работата.

Ништо лично

Ниту една конструктивна критика нема намера да ве навреди, туку да ве мотивира, да ви помогне да ги проширите своите знаења, да стекнете нови искуства. Доколку шефот ве искритикува, не заземајте веднаш одбранбен став, туку направете си анализа во главата што би направиле подобро, како полесно да ја согледате грешка, како да го поправите недостатокот. Само така ќе напредувате и ќе станувате подобро од она што сте во моментот и во очите на колегите и претпоставените ќе имате простор за почитување.

Фото: Pixabay