Како да размислуваме поефикасно за време на криза

33

Во нашата потрага по сигурност и стабилност, можеби се соочуваме со сите нешта што не можеме да ги контролираме: одлуките што ги носат властите, состојбата на државниот здравствен систем, дали нашите сакани ќе се разболат и десетици други различни грижи. Сепак, ако одбереме, можеме да најдеме утеха во она што можеме да го контролираме, а тоа не е малку, пишува Entrepreneur.

Кризните времиња изобилуваат прилики кои ни овозможуваат да се сетиме дека ние ги контролираме сопствените мисли, што за возврат значи дека можеме да ги контролираме и сопствените емоции и дејства. Иако е потребно дисциплина и волја да се стават овие дејства во пракса, овој концепт е вкоренет во докажани истражувања од областа на когнитивната психологија. Еве како овој концепт функционира:

Вие ги создавате сопствените мисли

Во обид да се најде смисла во надворешната средина, вие свесно и несвесно толкувате што се случува околу вас. На пример, интерпретација што може да резонира во вашиот ум во време на криза е “мојот бизнис е во состојба на хаос“.

Вашите мисли ги предизвикуваат вашите емоции

Мислите дека вашиот бизнис е во хаос, а чувствата што ќе се јават по ваквата мисла се емоции како анксиозност, фрустрација и паника.

Вашите емоции ги предизвикуваат вашите дејства

На вашите чувства одговарате со дејства, со реагирање на таа емоција или со нереагирање. Можеби ќе поитате да ги отпуштите вработените без да размислите добро за последиците од таквиот чекор, или можеби свесно не го прифаќате сознанието па ќе одлучите да не преземете ништо.

„Eдинственото нешто што не можеме да го контролираме е она што се случува околу нас“

Вашите дејства го создаваат вашиот живот

Она што го правите и она што не го правите го формира вашиот личен свет, а дејствијата се активираат од страна на вашите мисли што сте ги создале по иницијалниот настан.

Кога ги набљудуваме нашите искуства од овој агол, гледаме дека поголемиот дел од моделот на свет што постојано го промислуваме е во сферата на нашето влијание, единственото нешто што не можеме да го контролираме е она што се случува околу нас. Она што ќе го направиме како одговор на тие околности е местото каде се случува магијата.

Вашиот прв одговор во состојба на криза може да биде: “Нема шанси да работам од дома, да бидам родител и учител, да го водам сопствениот бизнис и да бидам продуктивен, и да бидам добар на крајот од сето тоа.“ Но што ќе се случи ако одвоите време и ги забележите тие мисли и свесно ги пренасочите кон нешто друго? Општо правило е дека овие нови мисли не би требало да се целосна спротивност на првичните мисли; нема да ви послужи за ништо ако текот на мислите го замените со: “Ова е забавно, обожавам хаос.“ Нашиот мозок едноставно нема да поверува во ова. Наместо ова, можеме да направиме мала промена кон понеутрална состојба на умот, како на пример:

“Сè што треба да направам е да го поминам денешниот ден.“

“Знаев дека ова ќе биде тешко, но успеав да преживеам уште еден ден.“

“Давам сè од себе.“

Фото:Pixabay