Како да се осигурате дека вашиот мејл ќе добие одговор

24

Кога и да пишувате имејл, посебно ако ги нудите вашите производи или услуги, мора да ги имате на ум овие пет правила.

Заинтересираност

Морате да поттикнете заинтересираност кај примателот и чувство дека ќе пропушти нешто ако не кликне на вашата имејл порака. Поставете некое прашање кое ќе го заинтересира. На пример “Ви треба помош? Тука сме за вас.“

Итност

Доколку сакате да добиете одговор на вашиот имејл треба кај примателот да предизвикате “итност”, односно желба веднаш да ви одговори. На пример “Остана уште една недела до…“

Релевантност

Размислете за тоа на кого му праќате имејл и колку она што го нудите е релевантно за таа личност или компанија. Ако добро ги изберете примателите, поголеми се шансите дека некој од компанијате ќе го отвори мејлот и ќе ви одговори на истиот.

Вредност

Информацијата којашто ја праќате во пораката мора да носи некоја дополнителна вредност за примателот, но и да гарантира дека ќе го добие токму она што му треба. Насловот е најдоброто место да се истакнете.

Емотивност

Верувале или не, но доколку внесете малку емоции во имејлот, поголема е веројатноста примателот да ја отвори вашата порака и да ви одговори.