Како да станете експерт за препознавање лажговци

737

Дали знаете дека екстровертните личности лажат повеќе од интровертните. Дека просечен брачен пар се лаже меѓусебно во еден од десет разговори?

Колку е личноста поинтелигентна има поголема тенденција да лаже. Иако сме сите начелно против лагата, не можеме постојано да бидеме искрени.

Вистината е дека сите кажуваме лаги и тие се неизбежни на работното место или во приватниот живот. Некои лаги се повеќе “добри“, отколку лоши. Белите (добри) ги кажуваме кога не сакаме да ги повредиме чувствата на некоја личност.

Но, некои лаги може да бидат деструктивни и негативно да влијаат на приватниот и професионалниот живот. Тие може да уништат животи и компанијата да ја чинат милиони.

Лошите лаги ги уништуваат релациите дома, на работното место, соработката и кариерата.

Луѓето, исто така, не се лоши и во препознавањето на лагите. Во 54% од случаите сме способни да препознаеме лага. Но, исто така постојат луѓе на кои работата им е да препознаваат лага и кои се успешни во тоа, во 90% од случаите знаат кога некој лаже.

Изговорената лага нема никаква моќ

Еден таков експерт е Памела Маер која објаснува зошто лажеме и како да препознаеме кога некој лаже.

Како што напоменува Маер, изговорената лага нема никаква моќ. Ние ѝ даваме моќ и  значење кога ќе поверуваме во неа. Зошто често веруваме во лаги? Затоа што ни се потребни. Личностите кои не лажат ја искористуваат нашата слабост и ни говорат работи ко сакаме да ги чуеме.

Како да препознаете дека некој ве лаже

Првото нешто што открива лажливец е неговиот говор. Различни студии покажаа дека лажговците користат повеќе формален, а не неформален говор. Освен тоа, луѓето кои лажат честопати се оддалечуваат од темата или од лицето за кое лажат. Нискиот тон на гласот, строгиот хронолошки редослед на приказната, како и приказната со премногу детали, исто така се добри показатели за лаги.

Другата работа е, секако, говорот на телото. Поголем дел од нашата комуникација се однесува на невербална комуникација. Како се однесува човекот или што кажува неговот тело, се основните елементи на кои треба да обрнете внимание.

Иако се верува дека лажговците честопати го движат телото, истражувањето покажало дека тие знаат да го “замрзнат“ горниот дел од телото. Истата работа е и со гледање во очи – лажговците лесно можат да гледаат во очи додека лажат.

Може да препознаете и лажна насмевка. Како? Од брчките околу очите. Со лажна насмевка, брчките околу очите не постојат затоа што не можат да се одглумат. Лажговците честопати користат подмолна насмевка покрај вештачка насмевка.

Личноста која користи 10 пати повеќе зборови за да каже нешто едноставно, обично лаже.

Затоа, гледајте, слушајте и поставувајте повеќе прашања ако се посомневате дека некој ве лаже.

Фото: Pexels