Како Данска ја надмина Велика Британија

42

Данска ја намина Велика Британија и стана земја со најсреќни работници во технолошките компании во Европа, покажува истражувањето на консултантските компании BCG и Digital Hub Denmark.

Копенхаген е седиште на некои од најуспешните старт – ап компании во Европа, како што се Just Eat, Trust Pilot и Too Good To Go. Според најновиот глобален индекс на среќа на работа, Digital Talent, 83% од данските технолошки работници изјавиле дека се “прилично“ или “многу“ среќни на своето работно место, пренесува Business Insider.

Анализирајќи ги претходните години, Лондон редовно беше рангиран како најпосакувано место за технолошки работници во Европа, а истражувањето на LinkedIn за 2019-та година го брендираше главниот град на Велика Британија како поатрактивен за таленти од “било кој друг европски град“.

Новиот извештај ги анализира градовите врз основа на 17 различни фактори, како што се бонуси, креативна работна средина, време за патување на работа и надоместоци за годишен одмор.

Глобалното рангирање покажува дека САД и Австралија се лидери, а потоа следат: Данска, Канада, Велика Британија, Германија и Франција.

Фото: Freepik