Како Дејвид и Викторија Бекам ја заработија првата милијарда долари?

483

Дејвид и Викторија Бекам важат за една од најпознатите брачни двојки не само во Велика Британија, туку и во целиот свет. И пред да се венчаат во 1999-та година, тие беа популарни благодарение на она што го работеа – Дејвид во фудбалот, а Викторија во музиката.

Според британските медиуми, брачната двојка Бекам денес на заедничката сметка имаат милијарда долари, што успеаја да ги заработат од повеќе бизниси.

Дејвид почна да ја гради империјата на Бекамови благодарение на неговата фудбалска кариера. Заработените пари играјќи ја најважната споредна работа во светот, Бекам ги инвестираше во трите негови компании: Footwork Productions, DB Ventures Ltd и Beckham Brand Holdings.

Од друга страна, Викторија има своја фирма – Victoria Beckham Ltd што се занимава со мода. Таа, исто така, има и своја линија за шминка.

Освен нивните бизнис потфати, Бекамови поседуваат и недвижнини, вклучувајќи и стан во западен Лондон од околу 45 милиони долари, како и имот од скоро осум милиони долари.

Фото: Facebook