Како до безбедно интернет банкарство?

247

Голем број клиенти на банките користат интернет банкарство додека се дома или во движење преку мобилен телефон, таблет или компјутер. И покрај високите стандарди за безбедност, секогаш постои ризик од хакерски напад.

Indicator.ba одвојува неколку совети што би можеле да ви помогнат да користите интернет банкарство, а да бидете сигурни дека вашите податоци, сметки, лозинки и пари се далеку од очите на хакерите.

Компјутерите што ги користиме во домашни услови можат да станат лесен плен за хакерски напад. Затоа, неопходно е соодветно да бидете заштитени. Редовно ажурирајте го оперативниот систем што го користите, а не заборавајте и на апликација за скенирање вируси.

Апликациите за интернет банкарство треба да ги симнувате од овластени е – продавници, како што е Google play store или Apple App Store.

Бидете внимателни со лозинките за пристап. Одберете соодветна лозинка што дава голема заштита и по можност редовно менувајте ја.

Обрнувајте внимание на електронската пошта, бидејќи може да се случи да добиете мејл наводно од банката чии услуги ги користите, во којшто ќе биде побарано да дадете некакви чувствителни информации, како што е лозинка, трансакциска сметка и слично. Бидете внимателни и не одговарајте на таквите пораки. Банките никогаш не бараат такви податоци преку мејл или СМС порака.

Доколку се посомневате дека сте жртва на хакерски напад, веднаш обратете се во вашата банка или пријавете во соодветна институција.

Фото: Pixabay