Како е да се биде ќерка на Бил Гејтс?

363

Џенифер Гејтс, ќерка на основачот на Microsoft, Бил Гејтс во интервју за Sidelines открива детали за својот живот.

“Родена сум со големи привилегии. Мислам дека суштината е во тоа да ги искористам сите прилики и да научам од нив за да можам да ги пронајдам оние работи што навистина ме интересираат, но и да го направам светот барем малку подобро место“, рекла 24-годишната Џенифер, која е најстара ќерка на Бил и Мелинда Гејтс.

Таа рекла дека нејзините родители ѝ биле голема поддршка во сето она што го правела, но и дека се одлучила за медицина најмногу затоа што нејзините родителите се занимаваат со хуманитарна работа.

Џенифер Гејтс студира медицина во Њујорк, а има желба да стане педијатар или лекар по општа пракса. Освен медицината, таа е и џокеј, а се надева дека ќе си најде свое место во американскиот FEI национален куп, чија јавачка мрежа е меѓу најстарите и најпрестижни во овој спорт.

Во јануари оваа година, Џенифер се вери со египетскиот јавач на коњи, Наел Насар. Двајцата заедно студирале на Универзитетот Стенфорд, а и двајцата се љубители на коњичките спортови, тој професионално, а таа рекреативно.

Иако богатството на нејзиниот татко се проценува на над 108 милијарди долари, Бил во една прилика изјавил дека неговите деца ќе мора сами да ги се образуваат, а од наследството ќе добијат “само толку колку да не бидат сиромашни, бидејќи многу пари може да им го уништат животот“. Бил и Мелинда Гејтс имаат три деца, две ќерки и еден син.

Фото: Facebook