Како Google, Microsoft, Twitter… ќе работат по пандемијата

57

Новите норми во начинот на работа по пандемијата ќе се однесуваат на флексибилност на работната сила. Но, компаниите имаат различен став за начинот на работа, па некои им овозможуваат на вработените работа од далечина, додека други избираат хибриден пристап во којшто вработените дел од времето ќе го поминуваат во канцеларија, а остатокот од дома.

Google

Вработените во Google ќе се вратат во канцеларија дури во септември следната година, но најверојатно нема да го поминуваат целото работно време таму, пренесува CNN.

Технолошкиот гигант го тестира моделот на флексибилна работа, според која вработените во канцеларија ќе доаѓаат три пати во неделата.

Microsoft

Овој технолошки гигант објави дека една половина од работното време поминато од дома ќе се смета за стандард за поголемиот дел од работните места, заедно со флексибилниот распоред.

Twitter

За некои од вработените во Twitter работата од дома ќе биде нова норма, а за тоа ќе добијат дозвола од надредените.

Unilever

Оваа компанија тестира четиринеделна работна недела со полна плата за своите вработени во Нов Зеланд.

Dropbox

Скоро 3.000 вработени во оваа компанија поголемиот дел од работното време ќе го поминуваат во домашни канцеларии, а ќе одат на работа само кога се потребни состаноци и team building активности.

Фото: Freepik