Како готвачите се снаоѓаат во коронакризата

51

Главните  готвачи се добро платени, дури и помошниците, во зависност од тоа каде работат и каков договор имаат. Сепак, сега се соочуваат со два проблеми: рестораните и хотелите не работат поради карантински мерки, а туристичката сезона е пред “пукање“, па дури и да се оди некаде “надвор“ за добра заработка во текот на летото веќе не е решение.

Интересно е тоа што од 15 март, дневните прегледи на видеата со наслов (Cook with me) повеќе од двојно се зголемија. Минатата година, видеата поврзани со готвењето беа видени повеќе од 20 милијарди пати на мрежата YouTube, според аналитичката агенција Tubular Labs.

Сега кога луѓето се принудени да седат дома, покрај тоа што сакаат да јадат вкусна храна, сакаат да се забавуваат, така што оваа бројка веќе започна значително да се зголемува.

И, каде е растот на прегледите, таму е и растот на парите. Ова е исто така добра можност брендовите да се види нивната реклама, така што договорот е постигнат.

Ако сакате да готвите, сакате да научите нешто ново и да ја “убиете“ здодевноста, може да ги посетите овие канали на YouTube. Тие се предводени од готвачи, кои покрај тоа што заработуваат добри пари за време на кризата, го менуваат и начинот на едукација на новите генерации. Онлајн светот станува наша реалност, така што кога нема “обука во живо“ може да биде на овој начин.

Sorted Food е лондонски канал со 2,4 милиони претплатници. Во тимот се петмина и се познаваат уште од училишните денови, а најголема гледаност имаа во февруари. Тие прават лесни и едноставни, но интересни рецепти.

Binging with Babish има 6,7 милиони претплатници, а неговиот основач Енру Реа од Њујорк  кој има напишано и два книги за готвење. Исто така, се прилагодува на ситуацијата, така што снима видеа поврзани со она што луѓето во последно време масовно купуваат, како што се мешунките.

Каналот Pick Up Limes е од Холандија и има 2,6 милиони претплатници. Самото име на каналот асоцира на растенија, диета заснована на овошје и зеленчук и што можеме да одгледуваме во нашиот двор, во зависност од тоа во кој дел од светот живееме. Наменет е за сите оние кои самоизолацијата тешко им паѓа и се во искушение да посегнат по месо, како и за оние кои деновиве не можат да најдат јајца или млечни производи. Со еден збор – ова е платформа за вегани. Интересен е и фактот дека Садија Бадиеи, која го основа каналот, нè учи како да готвиме оброк за помалку од две евра.

Фото: Pixabay