Како Грција ќе го спасува стопанството од поскапо гориво и инфлација?

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, денес објави пакет целни економски мерки во вредност од 300 милиони евра, со цел ублажување на последиците од зголемувањето на цените на енергијата и инфлацијата предизвикана од војната на Блискиот Исток.

Првата компонента од пакетот предвидува директна субвенција за дизел гориво во дистрибутивната мрежа во износ од 16 центи по литар, што со ДДВ дава конечно намалување од околу 20 центи по литар.

Мицотакис истакна дека целта на оваа мерка е да се спречи зголемувањето на цената на горивото дополнително да ги зголеми трошоците за производство и цените на производите, пренесува Катимерини.