Како ќе изгледа авиоиндустријата по пандемијата?

29

Првиот човек на меѓународното здружение за авиопревоз (Internetional Air Transport Association – IATA), Вили Волш смета дека авиоиндустријата по коронакризата ќе биде помала и повнимателна и не очекува ширење на авиокомпаниите преку аквизиции.

Авиоиндустријата беше тешко погодена од пандемијата поради која и понатаму многу авиокомпании ширум светот се приземјени или летаат скоро празни, додека побарувачката полека закрепнува.

“Тоа ќе биде помала индустрија. Нема да закрепне со полн капацитет“, рекол Волш, додавајќи дека голем број авиони трајно ќе бидат надвор од употреба и вработени кои се отпуштени или на принуден одмор.

IATA прогнозираше дека глобалната побарувачка за патувања до 2024 година ќе се врати на предпандемиско ниво од 2019 година.

Фото: Pexels