Како ќе изгледаат канцелариите по пандемијата

34

Компаниите во иднина најверојатно ќе имаат помал канцелариски простори, бидејќи и по пандемијата ќе се работи од дома, но ќе се соочат со притисокот да имаат почисти канцеларии, сметаат од данската групација што нуди услуги за одржување и чистење на просторот.

Групацијата направила истражување што покажува дека побарувачката за дезинфекција и темелно чистење расте во текот на пандемијата, што е промена што ќе потрае подолг временски период.

“Не можам да замислам дека некој директор на компанија за една или две години ќе сака да се чисти канцеларијата еднаш до двапати неделно. Вработените нема да го прифатат тоа“, рекол Аруп Андерсен, претседател на групацијата.

Се очекува канцеларискиот простор на глобално ниво во следните три години да се намали за 10 до 15%, бидејќи сè повеќе луѓе ќе работат од дома.

Данската групација воведе таканаречени “хигиеничари“ за чистење и дезинфекција на работниот простор во текот на денот кои имаат задача да ги советуваат вработените кои работат од канцеларија, како да ги дезинфицираат рацете, мобилниот телефон, компјутерот, документите…

Фото: Freepik