Како конструктивно да критикувате

240

Конструктивната критика може да биде корисна алатка со намера да се помогне или да се подобри ситуацијата на работното место. Сепак, тоа може да биде една од најтешките работи за прифаќање или давање бидејќи вклучува различни емоции. Но, кога менаџментот учи ефективни начини за да се справи и да даде конструктивна критика, вработените ќе може да учат од своите грешки и да имаат корист од нив, пишува Esoftskills.

Треба да знаете кога е вистинско време и можност да се даде конструктивна критика. Некои критики може да се кажат на следниот состанок, но некои треба да се соопштат веднаш. Ако прерано критикувате, работникот може да се сомнева во неговите способности и тоа да влијае врз ефикасноста на неговата работа. Ако критикувате премногу доцна, тогаш работникот може да ја игнорира критиката или да биде доцна да му се помогне во разрешување на проблемот. Идентификувањето на клучните ситуации може да помогне да одлучите кога треба да ја дадете критиката:

Повторување на настаните или однесувањето
Прекршување на компаниската политика
Кога нема резултат од претходниот фидбек

Менаџментот генерално смета дека е полесно да се даде конструктивна критика откако ќе се подготви за тоа што сака да каже и како да се пренесе. Клучот е да одлучите каков проблем или ситуација сакате да пренесете на работникот. Внимателна подготовка и јасни информации ќе помогнат во градењето на подобар однос меѓу раководството и вработените:

Собирање на факти
Вежбање на тонот
Креирање на акционен план
Чување на пишани документи

Избирањето на времето и местото за давање на конструктивна критика може да игра клучна улога. Разговорот направете го насамо, а не пред другите колеги. Откако ќе ја дадете критиката проверете дали има разбирање од страна на работникот. Дозволете да ви постават прашања и да се вклучат во пронаоѓање на решение. Важна улога има и говорот на телото. Покажете на соговорникот дека внимателно го слушате преку климање со главата или насмевка.

Фото: Pixabay