Како малите продавници заштедуваат со делење на просторот?

63

prodavnica

Фото: Pexels

Привлечен излог и соодветна локација се од клучно значење во малопродажбата, но атрактивните локации и простори тешко се наоѓаат и чинат многу. Ако на ова ја додадеме тешката економска состојба, ќе видиме како многу луѓе од малопродажбата делат заеднички простории со цел да заштедат и да го изградат својот бизнис.

Делењето на продажен простор не е нова работа. Big-box почнаа да издаваат простор во нивните продавници за да ги намалат трошоците за кирија и да придобијат повеќе од брендирањето на „продавница во продавница“. Еве уште неколку примери: во Wal-Mart и Target има мини продавници на Apple, во Sears се продава облека на Forever 21, а бутикот за униформи за професии од здравството Scrubology има свои продажни места во продавниците на Sears и Kmart.

Делењето простор им нуди придобивки на некои претприемачи во полето на малопродажба. Еве неколку совети од претприемачи кои имаат искуство во ова:

Обезбедете дозвола за да го издавате просторот што го изнајмувате

Тери Химан, сопственик на продавницата за подароци Метрополис од Seattle се преселил во поголем простор во 2008 г., планирајќи да ја зголеми својата понуда и да продава и мебел и други поскапи артикли. Но, тогаш настапи рецесијата. Тој побарал од сопственикот да му дозволи да го ре-издава просторот на други „кираџии“, по што сопственикот се согласил, но го задржал правото тој да ги избира новите „кираџии“.  Химан препорачува да побарате ваква можност од сопствениците на просторите што ги изнајмувате за ре-издавање уште на самиот почеток.

Метрополис почнал да издава една третина од посторот на други лица во 2009 г. Меѓу последните кираџии кои се вслелие се продавница за храна за миленичиња и уште една продавница за подароци. Хеиман го поделил просторот со прегради во неколку простории, при што секоја просторија си има свој сопствен влез, адреса и мерач за режиски трошоци што ја прави поделбата на трошоци лесна. Химан ја собира киријата и ја уплаќа целосната сума на сметката на сопственикот. Кираџиите, пак, се одлучиле да ја искористат оваа можност откако сопствениците на просторите кои претходно ги користеле решиле нагло да ја зголемат киријата, по што тие ги напуштиле просториите, но не сакале да заминат од реонот за да не ги загубат муштериите.

Побарајте некој да ве поврзе

На интернет сè повеќе можат да се најдат сајтови што ги поврзуваат оние кои издаваат простори и оние кои сакаат да изнајмат дел од деловните простории. На Shared Business Space, на пример, за 25 долари месечно можете да дадете свој оглас.

Shared Offices ги спојува малите бизниси со оние кои ре-издаваат простори и оние кои бараат такви и ги советува претприемачите да побараат партнери од неконкурентен бизнис кои опслужуваат слични клиенти.

Консултирајте се со брокер

Многу бизниси се договараат за делење на простор со посредство на боркер. Џенифер Роси, сопственик на  книжарница на книги за физика и алтернативно лечење, се обратила на брокер кога видела слободен простор во областа што и одговарала, бидејќи долги години се врзувала со здравје и добро состојба поради историските минерални бањи во тоа место. Брокерот кого го контактирала знаел за јога студио кое бара простор, како и за еден газда кој сакал да ја издаде целата зграда со една трансакција.

Интегрирајте го вашиот простор – и вашите бизниси

Претприемачите кои продаваат комплементарни производи добиваат многу повеќе отколку делење на простор. Таков е примерот на Octane Coffee и Little Tart Bakeshop во Атланта. Сопственикот на просторот што го изнајмуваат предложил да се здружат двата бизниса, што за клиентите се всушност еден бизнис – можат да купат кафе и колаче на едно место. Но, зад сцената, станува збор за два посебни бизниси  со исти услови и кирија. Претприемачите заштедиле со тоа што го делат просторот, а нивните комплементарни производи придонесуваат за максимизирање на работното време. Little Tart Bakeshop служи појадок, ручек и закуски до 17:00 часот, а Octane служи кафе цел ден и нуди храна и барски услуги во вечерните часови. Софистицираниот софтвер на продажното место овозможува наплаќање на услугите со една трансакција, а потоа се врши прераспределба согласно тоа кој ја направил продажбата. „Сопственикот ни го овозможи тоа за да може да издаде поголем простор, а ние сакавме да му дадеме на клиентот целосно искуство“, вели еден од претприемачите.

(Текстот е преземен од www.enterprenuer.com)

Доколку сакате да дознаете повеќе за принципите на заштеда и управување со финансии, запишете се во програмата на CEED Top Class Finance. За повеќе информации посетете ја нашата web страна http://www.ceed-macedonia.org или контактирајте ја Марија Акимовска, [email protected].