Како Милгром дозна дека ја добил Нобеловата награда?

25

Економистот од Универзитетот Стенфорд, Пол Мигром не очекувал дека некој среде ноќ ќе му заѕвони на врата и ќе му каже дека е добитник на Нобеловата награда за економија.

Таа вест Мигром ја добил од неговиот прв сосед Роберт Вилсон, кој е негов поранешен ментор, а со кого заедно се добитници на Нобеловата награда за економија за оваа година.

“Пол, Боб Вилсон е. Доби Нобелова награда“, рекол Вилсон, откако неколку пати му заѕвони и му тропаше на вратата.

Тие двајца ќе поделат милион долари за теорија за аукции и нови модели за наддавање во коишто понудувачите би тежнееле за доброто на општеството, а не за поголеми приходи.

Фото: Twitter