Како најлесно да се победи несигурноста и немирот

159

Немир и несигурност можат да се јават од различни причини во било кое време. Тоа може да се случи на работното место, дома, на патување… Во такви ситуации клучно е да не се губи контрола и да се остане смирен (колку што е возможно).

Некои ситуации се надвор од наша контрола, па колку и да се трудиме не можеме ништо да направиме. За останатите најважно е да пристапиме со ладна глава, да направиме анализа дали воопшто е оправдан немирот или е само производ на нашата имагинација.

Една корисна алатка за елиминирање на овие негативни чувства е да се пренасочиме кон сосема нешто друго. Доколку одреден момент или информација кај вас предизвика анксиозност, не размислувајте за тоа.

Обидете се да направите нешто сосем друго, да го фокусирате вниманието на нешто трето или на некоја личност за која знаете дека има позитивни вибрации и мисли.

Освен тоа, можете да испробате и алтернативен начин поврзан со откривање и љубопитност. Наместо да се плашите од ситуацијата или одредената личност, бидете љубопитни и откријте нешто повеќе за нив.

Понекогаш кога подобро ќе запознаеме некој или ќе најдеме начин да се вклопиме во ситуацијата, немирот го снемува и сè се сведува само на неоправдан страв.

Постојат форми на немир и несигурност коишто се безопасни и вообичаени, на пример, позитивна трема пред интервју или некаков настап. Во такви моменти треба да се прифати фактот дека сето тоа е составен дел од животот и да не се дозволи сосема нормални емоции да направат проблем.

Фото: Pixabay