Како подобро да се организирате

68

Колку пати сте рекле дека сте во хаос, дека немате време, брзате и ќе се слушнете покасно со тој што ви се јавил?

На сите понекогаш им треба едно магично стапче што ќе им помогне да се организираат како што треба, да најдат време и едноставно да не оставаат недовршени работи.

Магично стапче нема да се појави, но можете да си помогнете на следниов начин:

Запишувајте

Не може се да запомните. Затоа запишете ги дневните обврски и оние за следниот ден. Пишаната евиденција била и останала најдобар потсетник.

Не одложувајте

Замислете денешните обврски да ги одложите за утре, а утре да ви се натрупаат двојно повеќе задачи што ќе бидат итни. Поуката е позната – денешната работа не се остава за утре.

Сè на свое место

За да не изгубите ништо и полесно да можете да го најдете тоа што го барате, потрудете се сè да ставите на свое место.

Фрлајте сè што не е потребно

Организираните луѓе, не чуваат непотребни работи. Сето тоа само придонесува хаосот да биде поголем. Видете што не ви треба и веднаш ослободете се од истото.

Донирајте/Рециклирајте

Некои работи можат да бидат донирани, а други рециклирани. Фрлањето не е секогаш решение, затоа селектирајте ги предметите и доколку може дајте им “нов живот“.

Фото: Pixabay