Како помина тргувањето на берза оваа недела?

71

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Гранит, Макпетрол и Стопанска банка беа најтргувани акции на Македонска берза, во период од 24-ти до 27-ми август, покажува Неделниот преглед на берзата.

Во овој период, вкупниот промет достигна вредност од 871.187 евра или 8,26% помалку во споредба со претходната недела. Од 24-ти до 27-ми овој месец, реализирани се 224 трансакции или 5,16% повеќе во споредба со една недела претходно.

Пазарната капитализација се позиционираше на ниво од 3.240.929.946 евра, односно 0,79% помалку за разлика од една недела претходно. На последниот трговски ден оваа недела (27.08.2020), пазарната капитализација изнесуваше 1.770.575.288 евра, што претставува пад од 2,05% во споредба со минатата недела.

Индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.206,48 поени, односно 0,26% помалку во однос на минатата недела.

Фото: Freepik