Како реагираа светските берзи на исходот од претседателските избори во САД

32

Акциите на светските берзи забележаа зголемен раст, надоместувајќи ги сите загуби од претходната недела, бидејќи инвеститорите очекуваа нови економски мерки по претседателските избори во САД.

Во фокусот на инвеститорите беа претседателските избори во САД, а цените забележаа голем пораст бидејќи не се знаеше конечниот исход.

И покрај напнатоста во врска со пребројување на гласовите, берзанските индекси забележаа најголем пораст од април.

Во исто време, спласнаа и стравувањата од значајни промени во политиката, односно дека е исклучена можноста Белата куќа да ги зголеми даночните стапки или да воведе построга регулација во врска со големите технолошки компании.

Фото: Freepik