Како се движеа цените на нафтата?

22

На светските пазари цените на нафтата минатата недела достигнаа највисоко ниво за повеќе од една година, но потоа почнаа да се намалуваат.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела пораснаа за 0,7% на 62,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,4% на 59,24 долари.

Поддршка на цените дава и оптимизмот во врска со новиот пакет мерки во САД, вреден околу 1.900 милијарди долари, што би требало да го забрза закрепнувањето на најголемата светска економија од корона кризата.

За раст на цените придонесе и затворање на поголемиот број рафинерии во Тексас, што е најголем производител на нафта во САД, поради поларниот бран. Преработката беше намалена за околу четири милиони барели, а производство за најмалку милион барели дневно.

Фото: Pexels