Како се спасува туристичка сезона: Шише шампањ како подарок за секој турист

59

Во францускиот град Реимс, соочен со една од најголемите кризи во историјата на туризмот, угостителството и винарството, осмислија иновативен начин да привлечат туристи и да им помогнат на производителите на шампањ.

Секој турист кој ќе исполни прецизно утврдени критериуми ќе добие бесплатно шише шампањ. За овие потреби, градските власти засега собрале околу 3.000 шишиња од 68 вински куќи, со идеја да се откупат дополнителни количини за да може секој турист, кој ќе ги исполни условите, да ужива во вкусот на препознатливото француско вино.

За да може еден турист бесплатно да добие пенливо вино треба да ги исполни овие услови: да јадат во локален ресторан (рестораните за брза храна не се земаат предвид), да престојуваат во хотел или приватно сместување надвор од Airbnb системот, да платата за културни, туристички или спортски активности, како што е одење во кино, посета на винарница, изнајмување на велосипед и слично, пренесува vinoifino.rs.

Овој потег е дел од широката стратегија на Франција да ја спаси индустријата што се занимава со производство на шампањ, којшто се служи во специјални пригоди и свечености.

Фото: Freepik