Како шефицата на ЕЦБ гледа што нè чека по пандемијата?

89

Пандемијата од коронавирус и економската криза како последица на тоа длабоко ќе ја сменат светската економија, рече Кристин Лагард, директор на Европската централна банка. Таа додаде дека работењето од дома ќе го промени начинот на кој функционираат сите вработени и дека се очекува зголемување на роботиката во индустријата.

Светската економија сега ќе биде поориентирана кон екологијата и нумерирањето, рече Лагард.

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација е веќе „латентно присутна“, рече Лагард за време на видео конференција за економија, што се одржа во Париз.

“Кога станува збор за производство, пазарот, вработувањето, она што ние во моментот го доживуваме, веројатно ќе доведе до еволуција кон поодржлив начин на живот, кој ќе биде поеколошки“, рече Кристин Лагард.

Според париски Le Figaro, Лагард особено се осврна на телекомуникациите, што, како што оцени, ќе “го трансформира начинот на кој функционираат сите вработени“, барем кога станува збор за развиените земји.

Таа, исто така, процени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата.

Соочени со вакви трансформации, Европа е во одлична позиција да ги прифати, додаде Лагард.

Фото: Pixabay