Како со потег од 2015 година ја спаси компанијата од корона кризата

268

Кога извршниот директор на компанијата за процесирање на плаќања со платежни картички со седиште во Сиетл, Gravity Payments во 2015 година објави дека ќе ја зголеми минималната годишна плата на неговата компанија на 70.000 долари, тоа предизвика огромна реакција од сите страни на светот.

За да ја постигне целта, оваа одлука Ден Прајс го чинеше намалување на неговата лична заработка во износ од милион долари, но сепак ја спровел гледајќи дека многу луѓе се борат да преживеат со 40.000 или 50.000 долари и мораат да работат две работи.

Но, шест години откако ја донесе најзначајната одлука во неговата кариера, Прајс откри на Тwitter дека приходите на Gravity се зголемија тројно, а базата на клиенти двојно се зголеми.

И покрај пандемијата, компанијата лани оствари приходи 11 милијарди долари и проценува дека ќе оствари приход од 13,5 милијарди долари оваа година.

Toj вели дека на почетокот од пандемијата преку ноќ изгубиле 55% од профитот, но бидејќи вработените биле финансиски стабилни, можеле да издржат привремено скратување на платите.

Со ова ја вратиле компанијата на нозе, и повторно им биле зголемени платите.

“Пред шест години ја зголемив минималната плата на мојата компанија на 70.000 долари. Fox News ме нарече социјалист чии вработени ќе пататза леб. Оттогаш, нашите приходи се зголемија тројно, денес сме предмет на студии на Харвард, а нашите вработени купуваат домови. Секогаш инвестирајте во луѓе“, објви Прајс.

Во своите твитови, Прајс наведе и податоци дека 70 % од вработените платиле долгови, а исто така зголемена е продуктивноста на вработените.