Како светските берзи ја “преживеаја“ 2020 година?

126

И покрај пандемијата што ја предизвика коронавирусот, којашто силно ја погоди глобалната економија, индексот на развиените светски берзи (MSCI) во 2020 година порасна за 14% што е највисоко ниво досега.

Растот на тој индекс, што го следи движењето на акциите на 23 најразвиени пазари, во голема мера се рефлектираше и на акциите на Wall Street.

Индексот S&P минатата година порасна за 16,3%, а Dow Jones имаше скок од 7,2%,па двата индекса достигнаа рекордно ниво.

Највисоко ниво досега имаше и Nasdaq, којшто лани се зголеми за 43,6% што е највисок скок на индексот составен од технолошки акции уште од 2009-та година.

Технолошкиот сектор лани профитираше од рестриктивните мерки насочени против пандемија, поради кои многумина останаа да работат од дома.

Меѓу најголеми добитници беа акциите на технолошките гиганти, како што се Amazon, Apple и Tesla.

Фото: Freepik