Лаи и неговите двајца пријатели Танм и Чонг ги напуштиле своите сигурни работи за да вложат време и пари во бизнис којшто ќе го започнат од нула. Се покажа дека ова е еден од најпаметните чекори во нивните животи.
Започнале со продажба на машка гардероба преку интернет. Сепак, следеле проблеми кога требало да ги достават производите.
“Големи потешкотии имавме при доставување на пратките. Мислам дека целокупната логистичка индустрија тогаш не беше прилагодена на е – трговијата“, вели Лаи.
Затоа одлучиле да го решат овој проблем отворајќи логистичка компанија. Тие купиле половни комби возила за да ја регулираат испораката. Компанијата ја нарекле Ninja Van.
Откако својот сервис го оспособиле во Сингапур, Ninja Van се проширил на Малезија и Индонезија во 2015 година. Година дена подоцна, бизнисот се проширил и во Виетнам, Филипини и Тајланд.
Во 2014 година, Ninja Van стана прва логистичка компанија во Сингапур којашто испоракатa ја следи во реално време.
Во 2018 година од инвеститори добиле 87 милиони долари. Профитот на компанијата пораснал до 300 милиони долари, а некои велат дека ќе стане една од азиските компании којашто ќе тежи милијарда долари, т.н. еднорог компанија.
“Ние не растеме брзо, растеме одговорно. За мене е тоа многу јасно, се фокусираме на луѓето, на нашите клиенти и градење сервис за нив. Профитот може да се оствари само преку овие чекори“, заклучува еден од основачите на оваа успешна претприемничка приказна.
Фото: Pexels