Природно е во првата половина на работниот ден да бидете најпродуктивни и најодлучни, но никако не треба да го запоставите потенцијалот и атмосферата во послените работни часови. Доколку сакате, како најуспешните професионалци, својот работен ден го завршите позитивно, следете ги овие мали ,,трикови”.
Надополнете ја вашата ,,TO DO” листа
Успешните професионалци секогаш ја имаат на видно место својата листа на обврски. На крајот на денот издвојте 10 минути во кои ќе проверите до каде сте стигнале во реализација на вашите поставени цели и ревидирајте ја листата според последните околности, не очекувајки утредента да се сетите баш на сè.
Организирајте го вашето биро и десктопот на вашиот компјутер
Уредниот десктоп и уредното биро ќе ви помогнат да размислувате поефективно, да останете фокусирани и да ги одредите приоритетите. Исто така, ќе ви биде од помош полесно да ги пронајдете важните документи кога ви се потребни.
Разгледајте што сте постигнале
Освен што треба да се фокусирате на она што треба да се направи, навистина е важно да се навратите и на она што е направено.
Ако одвоите само една минута за да се навратите на она што сте го постигнале досега, тоа може да ви даде чувство на сатисфакција и во текот на напорниот ден да ве потсети дека сте направиле и повеќе од она за кое сте свесни.
Застанете на момент и разгледајте што сте постигнале
Вистинските професионалци не размислуваат само за тековните проекти од тој ден, туку пробуваат да анализираат зошто и кога некои работи тргнале на лошо или добро.
Одредете ги примарните цели за утре
Вистинските професионалци имаат подготвен план на обврски и за утрата и прецизно одредени работи кои се примарни за следниот работен ден. Ваквите обврски задолжително запишете ги.
Фото: Pexels