Како Виена ќе се бори против летните горештини

501

Најзелената престолнина на светот одлучи да ја продолжи својата борба против климатски промени. Поладно може и без клима уреди.

Освен што на граѓаните им пружа здравствени погодности, дрвјата во градовите допринесуваат и за естетски изглед на населбите, но ја зголемува и вредноста на недвижнините. Виенската градска управа е еколошки свесна па минатата година за зеленило одвои осум милиони евра, а оваа година за истата намена додаде уште три. Но, сепак постојат места каде нема простор за засадување на зеленило.

Според градската управа во Виена, дрвјата и зелените површини се најдобри климатизери. Иако скоро и да нема улици или делови од градот каде се засадени нови дрвја, тие размислуваат и за локации каде тоа не е можно заради густата градба или прекумерните трошоци за реновирање на јавни површини и преместување на подземни инсталации. На вакви локации, со цел заштита од летни горештини и штетното сончево зрачење, во тек е инсталацијата на креативни ролетни и натстрешници над јавните места.

Оваа можност им се нуди на сите сопственици на згради затоа што Виена е најзелениот град во светот кој решително се прилагодува на климатските промени.

Новиот проект на градската администрација наречен Wiener Schatten (Виенски сенки) ќе се спроведе со цел да се заштити од штетните ефекти на сончевото зрачење и да  обезбеди доволно сенка на јавните места.

Според Централниот австриски институт за метеорологија и геодинамика, минатото лето во Виена беше најтопло во историјата на мерењата. Така, во самиот центар на градот се регистрирани дури 39 многу топли денови со температура на воздухот од 30 и повеќе Целзиусови степени.

“Виена како еден од градовите кој е најмногу погоден со климатска криза, може да очекува уште потопли летни денови“, изјави заменик градоначалничката на Виена, Бриџит Хебајн.

Со проектот граѓаните на Виена треба дополнително да се заштитат од летните горештини, а за таа цел изработен е каталог Wiener Schatten кој содржи идеи и опции за поставување различни сенки на градските улици и плоштади.

Каталогот е наменет за реализација на разни уметнички проекти во градските области, но и за сопственици на градини и компании кои ги одржуваат, како и приватни лица и здруженија.
Тенди, ролетни, перголи или уметнички инсталации – сето тоа се можности што се дизајнирани во последните неколку месеци од експерти.
Идеите претставени во каталогот Wiener Schatten се нови можности за создавње повеќе сенки на јавни површини и заштита од сонце, што не само што ќе го олади градскиот простор, туку ќе бидат компатибилни со градскиот пејзаж и дополнително ќе придонесат за нејзината убавина и живост, пишува Energetskiportal.

Фото:Wien.gv.at