Како Виена успеа да стане една од најчистите светски метрополи

247
Во ова клучна улога играат таканаречените WasteWatchers, коишто веќе 12 години контролираат дали жителите на градот се придржуваат на градските прописи за чистота, пишува Energetski portal.

Во Виена засега има околу 50 постојано вработени WasteWatchers и 400 дополнително обучени претставници на виенски претпријатија за одложување на отпад (MA 48) и за одржување на градските паркови (MA 42) коишто патролираат во градот со означени елеци или во цивилна облека.

За своите 12 години постоење вкупно спровеле повеќе од 83.000 службени налози. Само изминатата година се воделе 26.000 информативни разговори, поднесени 700 пријави за непрописно одложување на отпад и напишале 7.800 казни.

Паричните казни се движат од 50 до 2.000 евра. Ако на пример WasteWatcher ве фати како фрлате отпушок, ќе ви наплати казна од 100 евра. Колку е оваа иницијатива успешна во смисла на превенција, покажува бројката од 128 милиони прописно собрани отпушоци во 2019 година.

Ули Сим, која е член на виенската управа за заштита на околината, на чија иницијатива во 2008 година е донесен законот за одржување чистота и воведени WasteWatchers, истакна дека нивната работа значително допринесува за титулата на Виена како најчист град, а целта не се максимални казни, туку максимална чистота.

Во градот има 3.650 автомати со бесплатни кесички за кучешки измет, 29.000 јавни канти за отпад (од нив околу 21.000 со цевки за отпушоци), 2.100 самостојни цевки за отпушоци, 455.000 контејнери за рециклиран отпад, 4.500 локации со контејнери за сортирање отпад и 16 градски депонии.

Затоа, не е чудно што Виена од 2007 година до денес успева да ја заштити својата животна околина.

Фото: Pixabay