Како викендот драстично се промени во време на самоизолација

121

Времето поминато во слободни активности е важно – особено во стресни периоди. Што може да направиме за да ни бидат викендите поисполнети додека пандемијата на Ковид-19 трае?

Истово прашање си го поставуваме сите ние кои не работиме во болница, полициска или противпожарна станица или аптека и кои имаме доволно време во последниве неколку недели, бидејќи училиштата, канцелариите и јавните простори од секаков вид се затворија со цел забавување на ширењето на коронавирусот, да се бавиме со вакви нешта. Затворени во нашите домови, и лишени од секојдневните рутини, многумина кои мораат да поминуваат време во само-изолација доаѓаат до сознанието дека времето станува чудно и аморфно и дека не може да се дефинира со помош на стандардниот календар.

Ако сте сè уште во пижами, и телевизорот и лаптопот од работа се вклучени, не е важно колку е саат? Ако уште играте пинг-понг помеѓу работата што треба да се заврши и децата кои бараат ужина, дали е важно кој ден од неделата е? Што навистина е викенд, и дали е можно да имаме викенд во свет затворен во карантин?

Нешто на што ќе се радуваме

“Еден од предизвиците на сегашната криза е фактот дека голем дел од нашите распореди се целосно во хаос,“ објаснува Лори Сантос, професор по психологија на универзитетот Јејл, која го предава многу популарниот предмет – науката за добросостојба. Луѓето се суштества од навика, вели Сантос и имањето редовен распоред за тоа кога работиме и кога се впуштаме во слободни активности може да помогне во намалување на несигурноста, особено во вакви несигурни времиња.

Во нормални времиња, редовниот распоред ни го диктираат надворешни сили: распоредот на училиштето, распоредот на возовите, работните состаноци и договорените обврски. Без нив, луѓето низ целиот свет мораа да измислат сопствени начини да прават разлика меѓу времето за слободно активности и останатото време.

Шанеј Куруниотис е маркетинг директор која работи во Сиетл, за патната компанија Рик Стивс Европа. Иако сега работи од дома, таа продолжува да го навива аларамот за да стане на време и да се смести на бирото во редовното време. Спиењето подоцна наутро е задоволство што го чува за викендите.

За оние кои имаат деца дома, утра со слободни активности кој било ден се надвор од дневен ред. Емили Сефтел работи во администрацијата на меѓународна организација во Париз, нејзиниот сопруг работи во технолошката индустрија, и двајцата се справуваат со обврските на двете работи дома, како и со грижата и образованието на нивниот шестогодишен син. За да се осигураат дека имаат на што да се радуваат за време на викендите, тие воспоставиле едно правило, секој ден од викендот, секој родител добива три часа за себе, во кој било слободен простор што можат да го најдат во станот.

“Другите членови на семејството се преправаат дека тој родител не е таму. Менуваме утра и попладниња. Последниот викенд го добив утрото во сабота и попладнето во недела за да читам на балконот на сонце, да се заклучам во собата со Netflix, или да правам што сакам“ објаснува Сефтел.

Човечки конструкт

Зошто се важни викендите? За разлика од 24-часовната ротација на Земјата, или нејзиното патување околу сонцето за 365 дена, работната недела составена од седум дена е социјален конструкт, посочува новинарката Катрина Онстад во нејзината книга “Ефектот на викендот: Животоменливи придобивки од одморањето и предизвикување на култот на прекумерна работа.“

Во суштина, дводневниот викенд е делумно роден од една друга економска криза, Онстад вели. За време на “Големата депресија“ во 1930 -те. Веќе до 1938 година, 40-часовната работна недела се вкоренува во работењето со Законот за правилен работен стандард.

Многу е можно оваа сегашна криза да доведе до долгорочни промени, исто така.

“Дури и пред пандемијата на коронавирусот, традиционалната работна недела се менуваше“, истакнува Бред Бевен, професор по историја на универзитетот во Портсмут, осврнувајќи се на подемот во работењето на далечина, самовработувањето и економијата базирана на хонорарни работи. На многу чуден начин, самоизолацијата му …. овозможи на работникот да го одреди неговиот сопствен циклус на продуктивност, сопствените паузи и работни рутини, вели тој.

Фото: Pixabay

Извор: Womeninadria